Организациска култура и нејзината врска со внaтрешната мотивација на вработените
Постојат многу дефиниции за тоа што претставува Организациска Култура. Секоја организациска култура е репрезент на однесувањето на лидерите и менаџерскиот тим во самата организација. Организацисkата култура претставува само еден од многубројните мотиватори кои влијаат на внатрешната мотивација на вработените. Постои голема поврзаност помеѓу националната и организациската култура , посебно кај нас, и се повеќе е тема на истражување во последниве неколку години. Според одредени автори организациската култура претставува сет на институционални вредности кои членовите ги споделуваат и прифаќаат како начин на однесување во секојдневното работење. Инситиуционалните вредности се однесуваат на материјални симболи, верувања (раскажани успешни стории за организацијата, постигнати одредени успеси на лидери) , поткрепено со искуство во организацијата , здобиено низ нејзината пракса во минатото. Функциите на организациската култура во основа треба да им дадат чувство на идентитет на вработените , т.е да се идентификуваат со целите, задачите и мисијата на организацијата а репер се поставените стандарди за однесување на вработените од страна на организацијата. Националната култура и организациската култура треба да бидат во добар баланс. Секако ова е еден од најпроблематичните процеси на менаџерите , ако сакаат мотивирани вработени, бидејќи овој процес содржи многу активности од типот на набљудување, емпатија кон своите вработени и примена на добри комуникациски вештини . Добра организациска култура е онаа која своите цели и вредности ќе успее да ги усогласи со целите и мотивите на своите вработени. Корелација воспоставена на овој начин , допринесува за зголемена мотивација на вработените , а со тоа и перформансите на организацијата………. продолжуваме во нареден блог …