За мене постојат три типа на луѓе,
оние кои прават работите да се случат, оние кои гледаат како работите се случуваат и оние што се прашуваат што се случило.
Првите, превземаат проактивен став, наместо само да гледаат и реагираат, превземаат агресивни активности за да влијаат на средината и на влијанијата во нивното опкружување.
Вторите, гледаат на опкружувањето како на елемент, кој не може да го контролираат и на кој мора да реагираат и да се адаптираат. (вообичаено тоа се зборови “е што ќе направам јас сама”, “не можеш ништо да промениш, се е отидено во к…” и итд. Тие пасивно ја прифаќаат средината и не се ни обидуваат да ја променат.
Третите, испуштаат да ги анализираат влијанијата на средината, само се трудат да ги избегнат заканите кои доаѓаат од опкружувањето, а со тоа пропуштаат да ги искористат можностите кои средината им ги нуди. Едноставно полесно им е да ги “преспијат” влијанијата.. Откако ситуацијата ќе помине, велат: Што се случи? Што беше ова? Како можеше? и итд…
П. С. Во кој тип се пронаоѓате..